Достапни линкови

Турција нуди посредување во преговорите меѓу Израел и Сирија


Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја е готова да посредува меѓу Сирија и Израел, доколку двете страни се согласат. Пред посетата на Дамаск, Ердоган истакна дека Сирија прифаќа турско посредување, но оти засега во Израел постои сомневање дали Турција би можела да биде непристрасна во тие преговори. Анкара минатата година веќе посредуваше во неколку рунди преговори меѓу Израел и Сирија, но тие разговори пропаднаа откако израелската војска изврши офанзива врз појасот Газа.
XS
SM
MD
LG