Достапни линкови

logo-print

Прогрес во преговорите за нуклеарното вооружување


Русија и САД соопштија дека е направен прогрес кон постигнување нов договор за намалување на нуклеарното вооружување. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека двете страни планираат со новата спогодба, која треба да го замени договорот СТАРТ од 1991 година, да направат „кратења без преседан“ на нивните арсенали од „Студената војна“. Тој нагласи дека преостанатите прашања ќе бидат решени по паузата поради новогодишните празници. Американскиот Стејт департмент смета дека во последните два месеца е постигнат драматичен напредок, но оти преговорите не може да одат побрзо поради комплексноста на прашањата.
XS
SM
MD
LG