Достапни линкови

Кина негира дека и дала помош на Камбоџа поради ујгурите


Кина ги отфрли обвинувањата дека 850 милиони долари кои и ги дала на Камбоџа неделава се поврзани со одлуката на Камбоџа да ги протера 20 припадници на кинеското муслиманско малцинство ујгури назад во Кина. Потпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Јианг Ју соопшти денеска дека тие и даваат помош на Камбоџа колку што можат и без никакви услови. Ујгурите избегале во Камбоџа по етничките безредија во јули годинава во регионот Ксинџинјанг.
XS
SM
MD
LG