Достапни линкови

Буџетот 2010 на дневен ред во Македонското Собрание


Македонскиот Парламент денеска во рамките на 86 тата седница, треба да ја почне расправата по Предлог-буџетот за 2010 година.
Според Предлогот, приходите се планирани на 143 милијарди и 257 милиони денари, а расходите на 153 милијарди и 720 милиони денари. Дефицитот е проектиран а 2,5 проценти од БДП и ќе изнесува 10 милијарди и 460 милиони денари. Кај приходите има зголемување од 3,4 проценти, а кај расходите за 2,8 отсто. Владината проекција за 2010 година е дека растот на БДП ќе биде два отсто, а на максимум два отсто е планирана и годишната стапка на инфлација.
XS
SM
MD
LG