Достапни линкови

Нападнат автомобилот на Мусави


Автомобилот во кој се возел лидерот на иранската опозиција Мир Хосеин Мусави бил нападнат од непознати лица, се вели во соопштение објавено на иранскиот реформистички интернет сајт „Калеме“. Нападот, кој наводно го извеле непознати лица на мотори, се случил на патот до гробиштата близу Техеран. Како што пишува на интернет странциата, напаѓачите го сопреле возилото на Мусави, го скршиле задното стакло и го навредувале влијателниот опозициски лидер. Во инцидентот наводно бил повреден еден од напаѓачите и член на придружбата на Мусави.
XS
SM
MD
LG