Достапни линкови

Билд-Западен Балкан е важен за ЕУ


Процесот на приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ е од огромна важност и најголем прогрес е направен со визната либерализација на Македонија, Србија и Црна Гора, соопшти денеска шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд, кој ги презентираше резултатите од шестмесечното претседавање на Шведска со унијата. Според Билд ситуацијата била тешка бидејќи изборите во Атина дошле порано од планираното. Но Билд смета дека по смената на политичкиот врв се отворил нов прозорец на можности за Македонија и Грција и дека тие треба тоа да го искористат. Билд изјавил дека разговарал неколку пати со премиерите во Атина и Скопје и негов совет е тие да продолжат понатаму со преговорите.
XS
SM
MD
LG