Достапни линкови

Истарски искуства за европските фондови


Охрид

Охрид

Во време на интензивни евроинтегративни процеси во Македонија и очекување на добивање датум за членство во ЕУ, се поактуелни се предпристапните фондови чии средства и се на располагање на земјата и кои со добро осмислени и разработени проекти можат да се добијат за поттикнување на развојот на државава и нејзините региони.

Во време на интензивни евроинтегративни процеси во Македонија и очекување на добивање датум за членство во ЕУ, се поактуелни се предпристапните фондови чии средства и се на располагање на земјата и кои со добро осмислени и разработени проекти можат да се добијат за поттикнување на развојот на државава и нејзините региони. Тука од голема корист може да ни се искуствата од Хрватска, која е понапред од нас на патот кон Унијата, каде Истарската жупанија како една од најуспешните во Хрватска, со слични туристички потенцијали како Охрид, може да ни биде добар пример во користењето на европките средства.
Тој етнотуризам и агротуризам толку убаво може да се развие што ќе се изненадите. На пример, имате селски објекти каде што не можат да продаваат ако немаат свое вино, а не етикетирано. Значи, она што тој го има произведено им го нуди на странците . Има таму и коњи, магариња, овци, кози... Во тоа странците уживаат

„И ние сме во сличен предпристапен период како вас во кој треба што повеќе да се учите да се ангажираат млади стручни луѓе, да се постават високи приоритети за да се развие инфраструктурата и целиот регион. Ние во тоа успеавме преку туризмот, културата, земјоделството и рибарството. Досега имаме добиено 63 милиони евра“

Вели Мануаела Хрватин, советник за меѓународна соработка и за евроинтеграции во Истарската жупанија што во Охрид ги пренесуваше искуствата со претставник на македонското малцинство кое во Хрватска живее пет децении.

„Тој етнотуризам и агротуризам толку убаво може да се развие што ќе се изненадите. На пример, имате селски објекти каде што не можат да продаваат ако немаат свое вино, а не етикетирано. Значи, она што тој го има произведено им го нуди на странците . Има таму и коњи, магариња, овци, кози... Во тоа странците уживаат“

Вели Тодор Бардарски Македонец во Истра.

„Ние сме уптени на изработка на прекугранични поекти со Албанија и со Република Грција. За жал, Република Грција поради добро познатиот проблем со името, во овој дел не ќе можеме да соработуваме додека не се реши тој проблем. Целта токму на оваа програма е развивање на добрососедските односи“

Вели Антонио Балевски од Центарот за локален економски развој во општина Охрид каде што се уште отсуствува поголем интерес на бизнис заедницата, агенциите и невладините организации за едукација за користење на средствата од предпристапните фондови на Европската Унија.
XS
SM
MD
LG