Достапни линкови

logo-print

Иран забрани еден реформистички ориентиран дневен весник


Во Техеран на еден реформистички дневен весник му е забрането да работи, а и на реформистичката новинска агенција ИЛНА и е забрането да известува за активностите на опозицијата. Официјалната иранска новинска агенција ИСНА соопшти денеска дека и дневниот весник Адишехе Но е затворен поради работење надвор од правилата на законот за издаваштво, како и реформистичкиот Хајате Но, кој беше затворен на почетокот на месецов поради истите обвинувања. Реформистичките дневни весници во Иран најчесто престануваат со работа под изговорот дека навредиле некои политички фигури.
XS
SM
MD
LG