Достапни линкови

logo-print

Комунистите обележаа 130 години од раѓањето на Сталин


Руските комунисти денеска положија цвеќе пред гробот на Јозеф Сталин кој се наоѓа надвор од Кремљин за да ја одбележат 130 годишнината од раѓањето на Советскиот лидер. Други почести во негово име беа напаравени ширум земјата и во градот Гори, Грузија каде е роден Сталин. Сеуште во Русија се водат дебати за тоа како да се вреднува владеењето на Сталин. Потпретседателот на комунистичката партија Иван Мелников соопштил дека Сталин е еден од ретките лидери кој бил и модермнизатор и револуционер. Рускиот претседател Димитри Медведев во октомври ги осуди масовните убиства на Сталин, бидејќи според него помнењето на националните трагедии е еднакво свето на помнењето на победите.
XS
SM
MD
LG