Достапни линкови

logo-print

Иванов ја оцени 2009 успешна за Македонија


Македонија изминатава година имаше забележителни успеси. На внатрешен план функционираше меѓуетничката коалиција и демократијата. На надворешен земјата доби визната либерализација и препорака од ЕК за отпочнување на преговори за членство во ЕУ, а го реши и прашањето со демаркацијата на границата со Косово, вака ја оцени 2009 претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов на неговото прво годишно обраќање пред парламентот. Според Иванов останале и сериозни проблеми како спорот со името со Грција за кои Македонија и натаму ќе бара решениe и кои најлесно ќе се решат со единство.
XS
SM
MD
LG