Достапни линкови

Илјадници луѓе на погребот на дисидентот Ајатолахот Монтазери во Иран


Илјадници луѓе во градот Ком присуствуваат на погребот на иранскиот водечки дисидентски свештеник, Големиот Ајатолах Али Хосеин Монтазери. Опозицијата ги повикаа симпатизерите да присуствуваат на погребот за Монтазери, кој беше еден од архитектите на Исламската Република, но подоцна стана жесток критичар на тврдокорното раководстсво на Исламската Република. На странските медиуми им е забрането да патуваат во Ком. Според веб страницата Калеме, лидерот на опозицијата Мирхосеин Моусави пристигнал во Ком и семејството на Ајатолахот Монтазери му изразил сочувство. Монтазери почина на возраст од 87 години. Државната новинска агенција ИРНА, јави дека тој почина синоќа во неговиот дом во светиот град Ком, југозападно од Техеран, но не ја наведе неговата титула, ниту пак причината за неговата смрт.
XS
SM
MD
LG