Достапни линкови

Европа блокирана од студот и снегот


Студ и невреме ја нападнаа цела Европа. Десетици илјади Европјани останаа заглавени на железничките станици, аеродромите и во сообраќајните метежи, откако изобилниот од снег и студеното време го отежнаа сообраќајот на почетокот на божиќните празници. Во делови од Германија температурата се спушти до -33 степени, а најмалку 19 луѓе во Полска умреле од замрзнување. Тунелот под каналот Ла Манш, кој е единствена железничка врска меѓу Велика Британија и европското копно не работи, откако во петокот околу 2000 луѓе повеќе од 12 часа останаа заробени во тунелот. Сеуште се испитуваат причините за заробувањето. Зимата на северната полутопка официјално започнува денеска во 18 и 47 минути. Во исто време на јужната полутопка почнува летото.
XS
SM
MD
LG