Достапни линкови

Охрид – Продажба на пастрмка и белвица „на црно“


Охридско Езеро

Охридско Езеро

Неодамна Охридското Езеро беше порибено со 180 илјади парчиња охридска пастрмка во заедничка акција на министерствата за животна средина на Македонија и Албанија. Сепак, охриѓани не можат да ги замислат зимските слави без свежа езерска риба, која и покрај забраната за риболов се наоѓа „под тезга“

Со 180 илјади рипчиња, подмладок Охридска пастрмка, неодамна беше порибено Охридското Езеро во Македонија и Албанија како дел од годинашното повеќекратно порибување за вештачкиот мрест. Симболичниот гест на добра волја за заштита и одржување на природниот прираст на ендемичниот вид Охридска риба, што и покрај загрозениот опстанок и забраната се лово на диво, го направија министрите за животна средина на Македонија и Албанија во Охрид и Лин. Двете држави манифестираа заложба за поефикасна борба за справување со дивиот риболов и санкционмирање на црните пазари за риби.
Најмногу што би сакале Охриѓани за куќната слава е на трпезата да ја има белвицата, како еден од заштитните белези на Охрид. Таа е забранета за риболов, така што ја нема во малопродажната мрежа. Но, по тајни канали сепак се наоѓа. Ние и годинава обезбедивме пет килограми белвица по цена од 400 денари за килограм набавувајќи ја под тезга.

„Во однос на решавањето на социјалниот статус на повеќето од такавиканите рибари, инспекциските контроли и акциите и мерките што ги преземаат министерствата за земјоделство и животната средина во однос на порибувањето, се дел од комплексната палета на мерки кои можат да се преземат. Тоа чигледно има рефлекси и кон Албанската страна, што прифати да ги имплементира истите мерки, бидејќи едно без друго тоа е неможно да има резултати, и е неминовно за на одржлив начин да се бориме за решавање на овој проблем.“

вели министерот за животна средина на Македонија Неџати Јакупи.

„Во Албанија ќе преземеме строги мерки за заштита на рибниот фонд и за санкционирање на рибокрадството, што веќе се спроведува на Македонскиот страна од Охридското Езеро,каде има и мораториум за риболовот. Кај нас како и во Македонија граѓаните имаат социјални проблеми, поради што посегнуваат по диво рибарење, со што треба да се справуваме. Во Поградец наскоро ќе организираме средба со претставници на локално и државно ниво заедно со Македонската страна и билатералниот комитет, за да преземеме конкретни мерки преку општината, полицијата и другите структури за поефикасна борба со незаконскиот риболов.“

вели министерот за животна средина во Албанија Фатмир Медиу.

Дека наспроти повеќегодишната забрана, Охридската пастрмка и другите риби и натаму се ловат и продаваат на црно, потврда е тоа што тие сеуште можат да се најдат во рестораните, но во зимски овој период богат со посни слави тие често се и на домашните трпези на Охриѓани.

„Најмногу што би сакале Охриѓани за куќната слава е на трпезата да ја има белвицата, како еден од заштитните белези на Охрид. Таа е забранета за риболов, така што ја нема во малопродажната мрежа. Но, по тајни канали сепак се наоѓа. Ние и годинава обезбедивме пет килограми белвица по цена од 400 денари за килограм набавувајќи ја под тезга.“

„Во нашето семејство секогаш се служи белвицата. Во минатото таа полесно се наоѓала без проблем. Денес поретко ја има, но за да се продолжи традицијата се води сметка секогаш на трпезата да има риба белвица.“

велат жителите на Охрид кои и покрај тоа што Охридската пастрмка и белвица се продаваат на црно по високи цени по традиција не можат да замислат зимска слава без езерска риба.
XS
SM
MD
LG