Достапни линкови

Груевски-сакаме во НАТО и ЕУ и датум за преговори но не со уцени


Македонија сакаме да стане членка на НАТО и ЕУ, сакаме да добиеме и датум за преговори. Но неможеме да ги прифатиме уцените што беа пласирани неодамна, а неможе ни македонскиот народ да ги прифати, изјави денеска премиерот Никола Груевски во обраќањето на прославата на 12 годишнината на партиската унија на жени во Македонската Опера и Балет. Според Груевски спорот со Грција ќе се реши кога тие ќе го третираат македонскиот народ како народ со свои чувства, потреби, достоинство и култура, како нација со свој јазик и идентитет, а не како некој што може под притисок да се купи.
XS
SM
MD
LG