Достапни линкови

Даунер-проблемот на Кипар може ќе се реши во 2010


Специјалниот претставник на ОН во Кипар, Александар Даунер смета дека проблемот на Кипар може да биде решен во 2010 година. Според Даунер јануари е клучен месец, бидејќи тогаш преговорите ќе бидат поинтензивни за повторното обединување на островот, односно на грчката и турската страна. Даунер соопштил дека ОН се задоволни од досегашниот напредок на преговорите. Претставниците на меѓународната заедница се надеваат дека двете страни ќе дојдат до договор до јуни или јули 2010 година.
XS
SM
MD
LG