Достапни линкови

logo-print

Собраќајот во Европа отежнат поради снегот


Десетици илјади патници во Европа останаа заробени на железничките станици, во гужвата на патиштата и на аеродромите, бидејќи снегот и мразот предизвикаа големи пореметувања пред почетокот на Божиќ. Најмалку 19 луѓе се смрзнале до смрт, најмногу во Полска. Температура до -33 степени е измерена во некои делови на Германија. Единствената железничка линија меѓу Британија и Франција е стопирана. Според метеоролозите низ континетот во наредните денови се очекува уште снег и леден дожд, но температурите ќе растат и ќе има подобрување на времето до Божиќ во петок.


XS
SM
MD
LG