Достапни линкови

15 мртви во Полска поради ниските температури


Во Полска од ладното време се смрзнале 15 луѓе во текот на минатата ноќ, а вкупниот број на жртви во декември е 47 соопшти полицијата. Нивниот потпарол Гразина Пухалска изјави дека тие не паметат таква трагична вечер во Полска. Температурата вчера се спуштила и до -24 степени, а полицијата апелирала до граѓаните да не бидат рамнодушни доколку видат дека некој човек лежи на улица и да ги проверуваат постарите луѓе, кои живеат сами.

XS
SM
MD
LG