Достапни линкови

Карзаи-новиот кабинет ќе се бори против корупцијата


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска вети дека сите членови на неговиот нов кабинет ќе бидат одговорни за борбата со корупцијата. Речиси половина од 25 кандидати се нови и тие ,според Карзаи, се индивидуалци кои ќе работат за доброто на народот на Авганистан. Карзаи соопшти и дека новата влада е составена од сите етнички групи во земјата. Кандидатите треба да бидат одобрени од парламентот.
XS
SM
MD
LG