Достапни линкови

Сакашвили го отпуштил гувернерот по несреќата во Куташи


Грузискиот претседател Михаел Сакашвили го сменил регионалниот гуварнер, откако вчера една мајка и нејзината ќерка ги загубија своите животи при рушењето на еден споменик од Втората Светска Војна за на негово место да се изгради парламент. Потпаролот на претседателот, Манана Мањгаладзе соопшти дека Сакашвили го скратил својот престој во Копенхаген на самитот за климатски промени за да се врат во Грузија за да повика состанок на владата за случувањето во градот Куташи. Поради инцидентот тој го отпуштил регионалниот гувернер Михаил Шоговадзе.
XS
SM
MD
LG