Достапни линкови

logo-print

6 мртви поради невреме во Турција


Шест лица го загубија животот во Турција, поради силното невреме што ја зафатило земјата. Во покраината Балкешир четворица луѓе загинале, а двајца се повредени, кога силниот ветер урнал едно минаре на џамија и тоа паднало врз нив. Во градот Менмен во бура настрадал уште еден човек, а еден е повреден. Во Антакија загинало едно лице, а многу згради во градот се поплавени.
XS
SM
MD
LG