Достапни линкови

Нема зголемен број на патници на првиот ден без визи


Нема зголемена фрекфенција на граничните премини кон Грција и Бугарија на првиот ден од укинувањето на визниот режим за македонските граѓани. На Богородица до 12 часот поминале 6 автобуси, а границата Меџитлија ја минале 260 македонски граѓани, информираат од двата гранични премини кон Грција. Нема зголемен број на патници ниту кон Бугарија. На скопскиот аеродром пак Александар Велики денеска ќе има десет полетувања кон Љубљана, Париз, Верона, Цирих, Дизелдорф и Рим.
XS
SM
MD
LG