Достапни линкови

logo-print

3 војника убиени во Авганистан


Еден полски, британски и американски војник биле убиени во Авганистан. Полскиот војник загинал во престрелка со милитантите во покраината Газни. Британскиот војник животот го загубил денеска во експлозија, додека бил на патрола во покраината Хелманд, а американскиот војник во петокот во бомбашки напад во јужен Авганистан. Американскиот претседател Барак Обама соопшти дека ќе испрати додатни 30 000 војници во Авганистан, а некои земји членки на НАТО најавија уште 7000. Во моментов во Авганистан има над 100 000 странски војници, кои се борат со Талибанците.
XS
SM
MD
LG