Достапни линкови

Мун-договорот во Копенхаген е само првиот чекор


Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун изјави дека е задоволен од договорот кој е постигнат на самитот за климатски промени во Копенхаген, но дека тоа е само првиот чекор во правното обврзување на документот. Делегатите на самитот на кој учествуваа 192 земји се сложија утринава да го примат на знаење завршниот документ. Вчера за него гласаа 26 земји, меѓу кои и САД, Кина, Индија, Бразил, Јужноафриканската република и водечките земји на ЕУ, но договорот вечерта и изутринава го блокираа Судан, Венецуела, Никарагва, Боливија и Куба.
XS
SM
MD
LG