Достапни линкови

Симболично означен стартот на визната либерализација


Претседателите на Македoнија и на Бугарија Ѓорге Иванов и Георги Правнов, со симболично заедничко кревање на рампата на граничниот премин Деве Баир, Ѓуешево, изутрината го означија стартот на визната либерализација за македонските граѓани. Бугарија иако не е дел од шенген системот, ги применува неговите правила. Од скопскиот аеродором пак, полета авионот со граѓани кои во организација на македонската владата денеска ќе го посетат Париз. Тие се предводени од вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, придружувани од дваесетина најдобри студенти од државните и приватните универзитети во земјата и од група новинари. Визната либерализација синоќа со голем музички хепенинг беше прославен на плоштадот „Македонија,, во Скопје.
XS
SM
MD
LG