Достапни линкови

Пораст на цената на нафтата во светот


Цената на нафтата во светот порасна по извештаите дека ирански сили освоиле ирачко нафтено поле во пограничниот регион меѓу двете земји. Суровата нафта сега се продава за над 73 долари за барел. Претходно беше објавено дека ирански војници ја преминале границата со Ирак и поставиле иранско знаме на едно нафтено поле во југоисточниот дел на Ирак. Официјален Багдад тоа го оцени за повреда на ирачкиот суверенитет и побара итно повлекување на војниците. Иран ги демантираше овие наводи.
XS
SM
MD
LG