Достапни линкови

Во Копенхаген, необрзувачка спогодба за климата


Лидерите на најразвиените земји и на земјите во развој на самитот во Копенхаген постигнаа необрзувачка политичка спогодба за намалување на глобалното затоплување. Пет земји, меѓу нив Соединетите држави и Кина, се согласија за повеќе прашања, вклучувајќи ја и редукцијата на испуштање јаглерод во атмосферата. Сепак, како што јавуваат агенциите, дури и приврзаниците на новиот договор сметаат дека тој е недоволен, а имало и некои земји кои оценуваат дека станува збор за неуспех на самитот. Со договорот е предвидено богатите земји да им исплатат 30 милијарди долари на земјите во развој до 2012 година со цел и тие да можат да се справат со климатските промени. Како и да е, договорот не е обврзувачки и затоа се очекуваат натамошни светски преговори. Американскиот претседател Барак Обама кој вчера помогна во постигнувањето на договорот изјави дека тоа е само основа за дејствување.
XS
SM
MD
LG