Достапни линкови

САД, Кина, Индија и Јужна Африка постигнаа „климатски“ договор


Официјален преставник на администрацијата на Американскиот Претседател Барак Обама соопшти дека Соединетите Држави постигнаа „климатски“ договор со Индија, Кина и Јужна Африка. Договорот, кој се карактеризира како прв чекор во борбата против климатските промени и затоплувањето на планетата Земја, како што јавија агенциите од Копенхаген, бил постигнат на средбата на американскиот Претседател Барак Обама, кинескиот Премиер Вен Џибао, индискиот Премиер Манмохан Синг и јужно африканскиот Претседател Јакоб Зуна.
XS
SM
MD
LG