Достапни линкови

Битола - Малолетничка деликвенција


Широк сокак
Широк сокак

Годинава се регистрирани 230 малолетни престапници во Битола. Од нив дури 64 проценти или 148 лица се новопријавени, а повторници дури 82. Меѓу деликвентите преовладуваат машките лица од градската средина

Иако малолетничкиот криминал бележи благ пад во однос на претходните години, сепак за потценување не е податокот дека годинава се регистрирани 230 малолетни престапници во Битола. Од нив дури 64 проценти или 148 лица се новопријавени, а повторници дури 82. Меѓу деликвентите преовладуваат машките лица од градската средина, оние кои потекунуваат од потполни семејства и се со средно образование.
Актуелната општествена сотојба има директно влијание врз обемот и видот, сложеноста на кривичните дела кои досега беа извршувани од полнолетни, а сега се почесто слушаме дека малолетните се сторители


„Актуелната општествена сотојба има директно влијание врз обемот и видот, сложеноста на кривичните дела кои досега беа извршувани од полнолетни, а сега се почесто слушаме дека малолетните се сторители. Сега секојдневно по нашит фреквентни улици сретнуваме питачи, како никогаш до сега, кои по нас одат барат пари, а во исто време демнат во секој момент нешто да ни украдат. Гледаме и слушаме за деца кои напаѓаат онака наивно со туркање, ограбуваат некој постар минувач, грабнуваат ташна, деца кои искористуваат добра прилика да влезат во нашите домови итн.“

вели психологот Лилјана Обедниковска.

Од малолетните деликвенти регистрирани годинава дури една третина извршиле кривични дела, имотни деликти, недозволена трговија и друго.

„Од вкупно 206 одгопворни малолетни лица над 14 години, со прекршочни дела се 165 лица, а со кривични дела 41 лице. Од вкупната бојка 16 се зависници на дрога. Центарот за социјална работа од Битола по предметите до судот дал предлог за изрекување на воспитни мерки меѓу кои укор за 45 лица, засилен надзор од родител за 42 лица, упатување во малолетнички затвор за осум лица- соопштуваат со советничката Комисија за еднакви можности.“

Од Центарот за социјални работи тврдат дека кон проблемот пристапуваат многу сериозно, но треба да се работи претходно со нив уште кога ќе пројават проблематично однесување, а не откако ќе го сторат кривичното дело.

„Стручниот тим се залага беспрекорно, меѓутоа формирањето на престапниците е комплетирано кога ќе дојдат во самиот центар за социјална работа зашто се прескокнати двете алки кои се многу битни за формирањето на една личност, семејството и училиштето-вели директорката Виолета Гаџовска.“
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG