Достапни линкови

Приоритети на Шпанија како претседавач со ЕУ


Економско – финансиската криза ќе биде врвен приоритет на шпанското претседателство со Европската Унија од први јануари, изјави денеска во Брисел шпанскиот шеф на дипломатијата Мигуел Анхел Моратинос. Тој се заложи за развивање добри односи со Соединетите Држави, а во врска со Русија рече дека разговорите ќе бидат фокусирани врз енергетски прашања. Моратинос истакна и дека Унијата ќе продолжи со политиката на проширување кон Западен Балкан, а оти клучна грижа во тој регион е ситуацијата во Босна и Херцеговина.
XS
SM
MD
LG