Достапни линкови

logo-print

Македонија треба да избере - изолација или ЕУ, оцени Фуере


Македонија вечерва ќе го слави постинувањето на една цел на патот кон полноправното членство во ЕУ - падот на Шенгенската бариера. Но, маратонот не е завршен, престојат уште многу планини да се освојат до конечната цел, а земјата го има потребниот капацитет и политичка волја за тоа, истакна евроамбасадорот Ерван Фуере на денешната трибина на Еконономскиот факултет насловена „Чекор по чекор до ЕУ“. Иако Македонија годинава не го доби посакуваниот датум за старт на пристапните преговори, на земјата, според него, и стојат на располагање две опции. Едната да критикува и обвинува за блокади, уцени и ембарга и да се излолира, за што се сомнева дека ќе ја внесе во ЕУ и втората, да ги отстрани преостанатите пречки на нејзиниот пат преку продолжување на реформите и изнаоѓање конечно решение за спорот за името со јужниот сосед, рече Фуере.
XS
SM
MD
LG