Достапни линкови

Градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски премина во СДСМ


Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска на прес-конференција соопшти дека од ЛДП преминува во СДСМ. Како причина, тој го наведе поголемиот простор за политичко делување во СДСМ, посочувајќи дека треба да се оди кон окрупнување на опозицијата. Сметам дека опозицијата треба да се засили и обедини, затоа што во Република Македонија евидентно е дека работите на политички, економски, безбедносен и меѓуетнички план не одат во добра насока и затоа е потребно да се има сериозна алтернатива на актуелната власт, рече Јакимовски.
XS
SM
MD
LG