Достапни линкови

Обама и Вен Џибао: чекор напред кон договор за климатските промени


Американскиот Претседател Барак Обама и кинескиот премиер Вен Џибао се состанаа на маргините на самитот за климатски промени во Копенхаген потег кој Белата Куќа го опиша како чекор напред. Нивните преговарачи започнаа директни разговори, како и со другите земји со цел догивор во Копенхаген да биде постигнат. Кина и Соединетите Држави се најголеми емитери на штетните гасови и го држат клучот на успехот за постигнување глобален договор во борбата против климатските промени.
XS
SM
MD
LG