Достапни линкови

Македонија, Србија и Црна Гора - Поздрав за визното ослободување


Министрите за внатрешни работи на Македонија, Србија и на Црна Гора, Гордана Јанкуловска, Ивица Дачиќ и Иван Брајовиќ, денеска преку заедничка писмена изјава на граѓаните на трите земји им ја честитаат одлуката за визна либерализација, што стапува во сила од ноќеска на полноќ.
Со исполнување на условите на Европската Унија, кои се однесуваат на контролата на границите, борбата против организираниот криминал и корупцијата, унапредувањето на меѓународните односи и почитувањето на основните човекови права и слободи, јасно ја потврдивме припадноста и определбата на нашите држави кон европските интеграции, се вели во изјавата на министрите
Тие наведоа и дека очекуваат што поскоро и граѓаните на Босна и Херцеговина и Албанија да ја добијат потребната поддршка од Европската унија во либерализацијата на визниот режим, за што нудат стручна поддршка.
XS
SM
MD
LG