Достапни линкови

logo-print

Во Лигата на шампиони ке има две италијанско - англиски пресметки


Во осминафиналето од фудбалската Лига на шампиони ќе има две италијанско-англиски пресметки.
Интер предводен од Хозе Мурињо ќе игра против поранешниот тим на португалскиот тренер Челзи, а Милан засилен со Дејвид Бекам за противник го доби Менчестер Јунајтед.
На денешната жребка одржана во Нион извлечени се следниве двојки за 1/8 финалето во Лигата на шампионите: Штутгарт - Барселона, Олимпијакос - Бордо, Интер - Челзи, Баерн - Фиорентина, ЦСКА Москва - Севиља, Лион - Реал Мадрид, Порто - Арсенал и Милан - Манчестер Јунајтед.
Првите натпревари се играат на 16, 17,23 и 24 февруари а реваншите на 9,10 16 и 17 март.
Финалето е закажано за 22 мај во Мадрид.
XS
SM
MD
LG