Достапни линкови

Без визи до Париз и прослава во Скопје


Вечерва прослава на плоштадот Македонија
Вечерва прослава на плоштадот Македонија

Околу 150 граѓани ќе почуствуваат како е да се патува во Европа без визи и со чартер лет ќе патуваат на еднодневна екскурзија во Париз. Патувањето и прославата на визното ослободување се во организација на владата, но од таму велат дека парите се обезбедени од спонзори. За оние кои ќе останат во земјата, владата организира прослава на плоштадот Македонија во Скопје.

Околу 150 граѓани ќе почуствуваат како е да се патува во Европа без визи. Вицепремерот за евроинтеграции Васко Наумовски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ќе им бидаат водачи и со чартер лет ќе ги водат граѓаните на еднодневна екскурзија во Париз.Патувањето и прославата на визното ослободување се во организација на владата, но од таму велат дека парите се обезбедени од спонзори и не се од буџетото на државата. Меѓу нив се 20 најдобри студенти од универзитетите во државава, дваесетина новинари и 100 граѓани што се пријавиле на конкурсот на Владата. За оние кои ќе останат во земјата, владата организира свечена прослава на плоштадот Македонија во Скопје, со македонски музичари, пејачот од соседството Здравко Чолиќ и светски познатиот Фетбој Слим.
На плоштадот е поставен и електронски часовник кој ги одбројува часовите до визното ослободување.

Дел од граѓаните ќе го слават денот од кога ќе можат да патуваат без визи. Други, пак, ќе присуствуваат на прославата на плоштадот само поради Здравко Чолиќ.
Ова претставува симболичен чин што говори за поврзаноста на граѓаните на Македонија со граѓаните на Европската унија


,,Нормално, владата овозможи сите ние да патуваме без визи“
„Сакам да патувам, ама немам средства„
„Затоа тие го носат Здравко Чолиќ, да соберат народ, инаку никој нема да дојде тука. Ако не е Здравко Чолиќ, би дошла само владата и нивните семејства“

Граѓаните велат дека патувањата во странство ќе ги одложат за некои подобри времиња, кога ќе имаат повеќе пари. И на анкетата спроведена на нашата интернет страница макденес.орг, на прашањето дали за празниците ќе одите во странство, речиси половина од луѓето одговорија дека сакат да патуваат, но немаат пари, една третина одговориле дека нема да патуваат, а само 13 % ќе отпатуваат во странство.
И дел од општините се приклучуваат кон прославата на визното ослободување. Во градовите од внатрешноста каде што ќе нема прослави, граѓаните, организирано со автобуси ќе се носат на плоштадот во Скопје.
Од опозицијата велат дека има политичка злоупотреба на ваквите настани.

„Се забораваат сите проблеми што ги има државата и на граѓаните им се продава некаква лажна надеж. За жал, притоа не се објаснува што значи безвизниот режим“

вели потпретседателот на СДСМ, Гордан Горгиев.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат

„Ова претставува еден симболичен чин којшто повеќе говори за поврзаноста помеѓу Република Македонија и државите членки на Европската унија, а не толку за чин којшто предизвикува некакви трошоци. А колку што знам, прославите се во приватна организација“

вели пратеникот Александар Спасеновски.

Слични прошетки низ Европа организираат и Србија и Црна Гора, за чии граѓани исто така важи одлуката од 19 декември да патуваат во Европа без визи.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG