Достапни линкови

Сериозни очекувања од Kонгресoт на ДУИ


Во власта или на нови избори?

Во власта или на нови избори?

Саботниот конгрес на ДУИ е редовен и предвиден според статутот на партијата, но очекувањата се поголеми. На дневен ред ќе бидат многу прашања, сето тоа што го поминува државата во однос на надворешната политика, внатрешните односи, реализирањето на рамковниот договор и на политичките приоритети на ДУИ, велат од ДУИ.

Саботниот конгрес на ДУИ е редовен и предвиден според статутот на партијата, но очекувањата се поголеми. На дневен ред ќе бидат многу прашања, сето тоа што го поминува државата во однос на надворешната политика, внатрешните односи, реализирањето на рамковниот договор и на политичките приоритети на ДУИ, велат од ДУИ. Актуалната потпреседателка на партијата Теута Арифи не очекува од конгресот да ја отвори темата предвремени избори зошто оваа партија не е за тоа се додека Македонија не ги оствари своите евроинтегративни приоритети. На прашањето дали ќе се разгледува можноста за напуштање на Владата Арифи вели одговара- Македонија може да ги деблокира евроинтегративните процеси и со ДУИ во Владата но со посилно присуство и со поголемо влијание.
Сакаме да ги искористиме овие шест месеци, како што налага Европската унија. Во спротивно, партијата мора да размисли за свои алтернативи

,,Посилно, затоа што ние сакаме да ги користиме овие шест месеци, како што налага Европската унија. Ако тоа не се случи, партијата мора да размисли за свои алтернативи“

Според експертите не е политичлки маркетин незадоволството кај голем дел од партиските членови со својата улога во Владата. Ваквите прашања коишто се од клучно значење за партијата токму на самиот конгрес ќе можат да бидат решени, очекуваат експертите.

,,Дека ДУИ ќе остане во владата на ВМРО-ДПМНЕ тоа не може да се тврди - како сето тоа ќе се одвива, дали ќе се решат да ја напуштат коалицијата или да одат со СДСМ, што би значело педвремени избори, ќе се види утре“

Вели политикологот Здравко Савевски

Доколку решат да останат во Владата тие секако ќе се определат за посилен притисок врз владат за зголемено учество во донесување на клучните одлуки, додава Савески. Ова оттаму што добро направената математика можеби ќе влијае на одлуката да не се преземе ризик во овој момент.Од друга страна сме виделе и постри недоразбирања во владината колаиција кои не предизвикале напуштање на Владата од страна на партијата којашто несодавајќи до сега услови за реформи во своите редови ја користио актуалната политичка атмосфера во земјата з ада го направи тоа, вели аналитичарот Љуљзим Хазири:

,,После вториот жолт картон на власта од Брисел ценам дека како партија се користи тоа во насока на мобилизирање на своите сили, односно да се истакне пед својата заедница како релевантен фактор, а и да се осцојува повеќе простор и влијание во владата“

Додава Хазири.
XS
SM
MD
LG