Достапни линкови

Скапи авиобилети од Скопје


Малку летови, високи цени

Малку летови, високи цени

Цената за авиобилет со пресметани аеродромски такси и останати давачки за керозин, хендлинг, лендинг и слично не е пониска од стотина евра. За илустрација, за повратна авио карта на дестинација Скопје - Прага патникот ќе треба да плати околу 15.000 денари, а просечната плата во Македонија се проценува на околу 20.000 денари.

Малкумина патници и скап керозин. Ова се само дел од причините за скапите авионски карти кои се продаваат во Македонија. И додека инвовлираните во бизнисот велат дека давачките за операции во земјава им се високи а заинтересираноста е мала, од Агенцијата за цивилно воздухопловство посочуваат дека аеродромските такси се поволни во споредба со другите земји во регионот. Сепак, цената за еден авиобилет со пресметани аеродромски такси и останати давачки за керозин, хендлинг, лендинг и слично не е пониска од стотина евра. За илустрација, за повратна авио карта на дестинација Скопје - Прага патникот ќе треба да плати околу 15.000 денари, а просечната плата во Македонија се проценува на околу 20.000 денари. Тоа значи дека просечниот Македонец ќе треба да потроши повеќе од седумдесет проценти од месечниот приход за да плати авиокарта.
Македонија е мала змеја, бројот на летовите од скопскиот аеродром може да се изброи на прсти и не можеме да зборуваме за ниски цени


Дел од авиопревозниците велат дека основна причина за скапите билети се малкумината патници. Директорот на земната оператива на авиокомпанијата „Ерлифт сервис“ Игор Анастасовски вели дека земјава не може да се споредува со другите европски градови по бројот на патници.

,,Ние во Македонија сме два милиони луѓе, што во европски рамки претставува број на жители на едно предградие на главен град. Бројот на летовите од скопскиот аеродром може да се изброи на прсти. Затоа не можеме да зборуваме за ниски цени“

Меѓу останатите проблеми, според Анастасовски, се и давачките, меѓу кои најскап е бензинот, кој вообичаено не се пресметува како аеродромска такса.

,,За 260 евра по тон гориво е повисока цената на скопскиот аеродром отколку во Европа“

Директорот на Управата за цивилно воздухопловство Зоран Крстевски, од друга страна, вели дека аеродромските такси во земјава не се претерано високи

,,Можам да ви кажам дека имаме еден од најефтините аердроми во регионот. Од нас нешто поевтин е само солунскиот аеродром и тој е во позиција бидејќи се наоѓа на море, да има и поповластени услови, таканаречени нискобуџетни компании“
Во регионот поевтин од скопскиот е само солунскиот аеродром


Крстевски не ја исклучува можноста за влез на авиокомпании кои ќе нудат ефтини авиобилети.

,,Се надеваме дека со либерализацијата и со создавањето на единствениот европски пазар наредната година, веќе и другите компнии од Македонија ќе летаат со пониски тарифи“.

Некои од странските авиопревозници кои имаат летови и од Скопје, на своите официјални интернет страници рекламираат авиокарти од по 19 евра. Сепак на дното на рекланата стои напомена дека во цената не се пресметани аеродромските такси и останатите давачки, кои дополнително ја креваат цената на авиобилетот. Инаку владата уште пред неколку месеци на отворена седница вети привлекување на повеќе нискотарифни авио компании. За сега на пазарот нема поголема понуда на ефртини авиобилети со пресметани такси.
XS
SM
MD
LG