Достапни линкови

Копенхаген - лидерите ветуваат, договор нема


Американскиот претседател Барак Обама, во обраќањето на пленарната седница на конференцијата во Копенхаген, изрази убеденост дека Соединетите Држави целосно ќе ги исполнат своите обврски, односно, ќе ја намалат емисијата на штетни гасови за 17 насто до 2020-та година и за над 80 насто до 2050-тата.

“Дојдовме во Копнехаген бидејки климатските промени се се поголема закана за луѓето, а тоа сите го знаат. Тоа не е фикција, тоа е наука”.


Соединетите Држави, додаде Обама, ќе бидат дел од итното финансирање на мерките против климатските промени и ќе учествуваат во обезбедувањето на 100 милијарди долари до 2020-тата година, но само доколку тоа е дел од еден сеопфатен договор.

“Мора да имаме и механизми за контрола на спроведувањето на нашите определби и за размена на информации на транспарентен начин. Без такви механизми за одговорност, сите договори ќе бидат само празни зборови на хартија”.

Истакна Обама. Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун оцени дека светот никогаш не бил обединет до овој степен. Покрај светските лидери, во Копнехаген беа и претседатели на компании, невладини организации и индивидуалци.

“Доколку сакаме да се соочиме со предизвикот на климатските промени, мора да дејствуваме обединети. Сега е моментот за заедничка акција”.

Кина, која е еден од клучните фактори за мерките против климатските промени, најави вистинска акција, но кинескиот премиер Вен Џибао не даде детали. Рускиот претседател Дмитриј Медведев вети дека Русија ќе ги спроведе нејзините обврски во врска со климатксите промени.

“Руската Федерација е подготвена да биде дел од обврзувачкиот договор, да ги формализира своите обврски и да ја намали емисијата на штетни гасови за 30 милијарди тони за периодот од 1990 до 2020-та година”.

Според нацрт-текстот на докуметот од Копнехаген, постигната е согласност дека не смее да се дозволи температурата да се зголеми за повеќе од два насто во однос на пред-индустриското ниво. Богатите земји се обврзуваат да донираат 100 милијарди долари годишно до 2020-тата за сиромашните да можат да развиваат еколошки технологии. Но, остана празно местото за тоа за колку ќе биде намалена емисијата на јаглерод диоксид во развиените земји.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG