Достапни линкови

Акција на јеменските сили против Ал Каеда


Во напад на јеменските безбедносни сили врз засолништа на приврзаници на Ал Каеда во провинцијата Абијан, биле убиени најмалку 34 милитанти, соопштија официјални претставници на Јемен. Меѓутоа, очевидци тврдат дека загинале околу 60 луѓе, претежно цивили. Соединетите Држави постојано бараат од Јемен да превземе посериозни акции против приврзаниците на Ал Каеда, кои се засолнети во таа земја.
XS
SM
MD
LG