Достапни линкови

logo-print

Помош за неправедно казнетите поради врски со терористи


Генералното собрание на ОН донесе резолуција за помош на луѓе и фирми кои неправедно биле под санкции за наводни врски со тероризмот. Ќе следи детаљно испитување на црната листа на соработници со Ал Каеда и Талибанците, за да се утврди дали и кој е неправедно вклучен во листата. Списокот е воведен во 1999 година, а моментно содржи околу 500 имиња. Има дваесетина тужби од луѓе кои тврдат дека се неправедно казнети. Санкциите може да вклучат замрзнување на банкарските сметки и забрана за патување.
XS
SM
MD
LG