Достапни линкови

Пакистан доцни со издавање визи за американски граѓани


САД соопштија дека Пакистан доцни со издавањето визи за стотина американски работници и функционери. Заменик портпаролот на Стејт департментот Роберт Вуд изјави дека не ја знае причината за доцнењето, но изрази „сериозна загриженост“ поради тоа. Вуд предупредува дека ако доцнењето продолжи, тоа може да ја поткопа поддршката на САД за Пакистан - и во борбата против тероризмот, но и за развој на економијата.
XS
SM
MD
LG