Достапни линкови

Прогноза за времето- облачно со слаб снег


Времето во Македонија ќе биде променливо со слаб локален снег, а во југоисточниот дел ќе има слаб локален дожд. Попладне наместа ќе има намалување на облачноста. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура е во интервал од минус четири до три, а дневната ќе биде од минус еден до пет степени. Во Скопје ќе биде облачно со услови за провејување на слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали и ќе продолжи да дува умерен северен ветер. Утринската температура се спушти до минус три степени, а дневната ќе достигне до нула.
XS
SM
MD
LG