Достапни линкови

Прилеп - 50.000 сарми за Свети Никола


Сарми во чест на патронот на Прилеп

Сарми во чест на патронот на Прилеп

Вака со песна, весели од раните утрински часови 50-тина прилепски домаќинки членки на здружението „Преродба„ ги започнаа подготовките за чествувањето на големиот христијански празник „Свети Никола„ патронот на Прилеп. Виткаа сарми, ги редеа во големи тенџериња и ги носеа да се варат во фабриката за печурки.

Cо песна, весели од раните утрински часови 50-тина прилепски домаќинки членки на здружението „Преродба" ги започнаа подготовките за чествувањето на големиот христијански празник „Свети Никола„ патронот на Прилеп. Виткаа сарми, ги редеа во големи тенџериња и ги носеа да се варат во фабриката за печурки. Како што вели Лилјана Ѓорѓиоска, претседателот на здружението се е организирано, а оваа вкусна закуска е беспрекорно подготвена во духот на прилепската традиција.
Педесет илјади сарми ги виткаме 50 жени, по 1000 сарми на жена - се трошат околу 750 килограми зелка, 75 килограми ориз, 20 килограми црвен пипер...


,,Педесет илјади сарми ги виткаме 50 жени, по 1000 сарми на жена, што за нас не претставува воопшто никаква тешкотија.Количината така е поголема, некаде 750 килограми зелка, 75 килограми ориз, 20 килограми црвен пипер, некаде 50 до 60 литри масло“.

На градската трпеза во сабота ќе бидат сервирани уште 250 риба и 200 килограми посен грав.Граѓаните ова 4-то традиционално чествување на својот патрон го очекуваат со нетрпение.

„Задоволство ми е што сум дел од традицијата како прилепчанка и се разбира не може да помине „Свети Никола„ без да ги вкусиме посните сарми, сега веќе надалеку познати“
.
„Половина град го празнува „Свети Никола„ нормално ќе излезам, ќе пробам од сармата, нормално и гравче, не преостанува и добро македонско вино“.

За овој празник во Прилеп важи поговорката: половина граѓани го слават празникот, а другата половина одат на гости. А, градоначалникот Марјан Ристески ги покани сите на големата градска трпеза.

„Сакам да ги поканам сите наши сограѓани да присуствуваат на литургијата во Стара Црква, во Свето Благовештени од 8 часот изутрината, по литургијата пеш ќе се упатиме до параклисот во центарот на градот, каде што ќе се одржи и главната литургија во чест на Свети Никола“.

Домаќинот на годинешната прослава, Сашо Самарџиоски, директорот на „Прилепска Пиварница„ по тој повод ја завитка и првата сарма во животот и искуството како што се пошегува ќе му користи за домашните подготовки во иднина.

„Сакам исто така да им посакам на сите православни христијани, честит празник, за многу години да е Свети Никола, многу здравје, успех и благосостојба во наредната година“.

Чествувањето започнува во сабота во 11 часот во центарот на градот. Прилеп лани го освои гинисовиот рекорд, зашто вредните домаќинки завиткаа над 80.000 посни сарми со големина на орев.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG