Достапни линкови

logo-print

Нов Дон Жуан во Македонскиот балет


Нова кореографија и постава

Нова кореографија и постава

Утревечер со почеток во 20 часот, во Салонот на Македонската опера и балет, ќе се одржи премиерната изведба на обновената балетска претстава Дон Кихот од Лудвиг Минкус. Кореограф е Виктор Јеременко од Украина, диригент Саша Николовски Џумар, а главните улоги ги толкуваат младите солисти Мирјана Поп Алексова и Бобан Ковачевски. Со овој спектакл се заокружува значајниот јубилеј: 60 години Македонски балет.

По нецели шест години од последното прикажување, балетската претстава Дон Кихот од Лудвиг Минкус, повторно ќе се најде на сцената на Македонската опера и балет. Овојпат кореографијата на Мариус Петина ја адаптираше и ја пренесе Виктор Јеременко, сценограф е Андреј Злобин, костимите се на Гана Ипатиева – уметници од Украина кои ги потпишаа и поставките на Рајмонда и Лебедово езеро, асистенти беа Тања Вуисиќ Тодоровска и Киро Павлов, а со оркестарот ќе диригира Саша Николовски Џумар. Со оваа премиерна изведба се заокружува прославата на значајниот јубилеј: 60 години Македонски балет.
Како што правиме промени во репертоарот и во ансамблот, време е да ги промениме и цените на влезните билети и повеќе да ја цениме оваа уметност


,,Претставата е во два чина, комплетно е променета со сценографија и со костими и кореографија, п дури има и музички делови што се променети“

вели Киро Павлов, уметнички директор на Балетот. Интересно за оваа скратена обнова на Дон Кихот е и тоа што во главните улоги се појавуваа младите солисти Мирјана Поп Алексова и Бобан Ковачевски.

,,Мене ми претставува огромно задоволство што за првпат настапувам на една пемиера со кореограф каков што е Виктор Јерменко и со нашиот репетитор Тања Вуисиќ Тодоровска кои неизмерно ни помогнаа во реализирање на нашите улоги“

забележува Поп Алексова која ќе ја толкува Китри, а нејзиниот партнер Ковачевски кому му е доверена улогата на Базил со дополна:

,,Прекрасно искуство да работиме, пред се, со таков кореограф со огромно знаење и мислам дека претставата ќе биде прекрасна“

Покрај нив во овој балетски спектакл настапуваат и Ивана Коцевска, Дмитро Чеботар, Марјан Ѓурев, Горан Божинов и членовите на комплетниот балетски ансамбл, а по двете годинешни изведби, како алтернација во улогата на Китри е планирано да се појави и примабалерината Александра Мијалкова за која во меѓувреме ќе се бара соодветен искусен партнер од странство.
Инаку, цените на билетите за премиерата и за репризната изведба во вторник, на 22 декември, се од 700 до 1000 денари, а на забелешката за нивната висина директорот Павлов со објаснување:

,,Како што правиме промени во репртоарот, промени во ансамблот, треба да правиме промени и да почнеме да ја цениме оваа уметност бидејќи ќе оди во погрешна насока“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG