Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат меѓусебните обвинувања околу спорот со името


Разликите продолжуваат - една од средбите на лидерите на политичките партии

Разликите продолжуваат - една од средбите на лидерите на политичките партии

Повеќе отколку кон надвор, своите ставови за името, партиските елити ги упатуваат кон внатре , кон гласачите и кон својот политички противник очекувајќи профит на контото на својот партиски рејтинг. Консензус околу во моментов круцијалното прашање не е ниту на повидок иако дипломатите го препорачуваат како неопходен за да може државава да се приближи и да прифати некакво решение.

Повеќе отколку кон надвор, своите ставови за името, партиските елити ги упатуваат кон внатре , кон гласачите и кон својот политички противник очекувајќи профит на контото на својот партиски рејтинг. Консензус околу во моментов круцијалното прашање не е ниту на повидок иако дипломатите го препорачуваат како неопходен за да може државава да се приближи и да прифати некакво решение.
И двете средини во овој момент немаат во овој момент јасна претстава за тоа што е тоа што може Република Македонија сега, односно македонскиот народ во рамките на државата, да прифати а да биде подносливо за сега и за историјата
Вистинската конструктивност во партиските штабови е заменета со ловење грешки во спротивниот табор, велат експертите а партиските проекти за решавање на проблемот се состојат во префрлување на вината врз противникот. Така лидерот на опозиционата СДСДМ вчера јасно го обвини премиерот дека е директен носител на македонскиот дел од вината за исходот во Брисел а малку подоцна премиерот ваквите изјави ги нарече еднакви на грчките позиции. Сето ова укажува само на тоа дека и двата политички табора, и власта и опозицијата во моментов не се подготвени да најдат решение, да го прифатат и да застанат зад него, коментира професорот Живко Андревски.

,,И двете средини во овој момент немаат во овој момент јасна претстава за тоа што е тоа што може Република Македонија сега, односно македонскиот народ во рамките на државата, да прифати а да биде подносливо за сега и за историјата“.

Се што би било надвор од една консензуална и јасна конструктивна политика, е само маркетинг политичка пропаганда којашто ги оддалечува и самите нив од јасниот поглед за приближување кон НАТО и кон ЕУ а истовремено ги изместува приоритети коишто се однесуваат на внатрешната стабилност на земјата, вели професорот Назми Малиќи. Затоа според него не ни малку ризик да се има јасен поглед за излез од проблемот кога таа би се водела транспарентно без непотребно подгревање на националните фрустрации, но наместо тоа се лсучува спротивното.
Внимаваат на нивниот популистички патриотски однос што е надвор од нивните програми и воедно чекаат на грешки. Тоа е лошо


,,Внимаваат на нивниот популистички патриотски однос што е надвор од нивните програми и воедно чекаат на грешки. Тоа е лошо“.

Власта што е помалку доволено не се однесува концизно и употребува општи формулации, велат експертите но ако се има предвид дека и опозицијата не така одамна беше на власт како и тоа дека станува збор за крупно прашање кое се доведува во состојба на крајна изостреност поради нашите понатамошни чекори кон ЕУ , не може да се изземе од барањето да биде максимално конструктивна и одговорна.
XS
SM
MD
LG