Достапни линкови

logo-print

Првите дополнителни сили на САД веќе во Авганистан


Американското министерство за одбрана соопшти дека првите од 30 те илјади дополнителни сили во Авганистан веќе пристигнале во таа земја. Станува збор за илјада и петстотини маринци кои наскоро треба да им се приклучат на операциите за справување со тамошните талибанци и за стабилизирање на Авганистан. До идното лето во Авганистан би требало да има вкупно 100 илјади американски војници.
XS
SM
MD
LG