Достапни линкови

„Снежна“ блокада во Романија


Обилни снежни врнежи и силен ветер предизвика блокада во сообраќајот низ цела Романија, а повеќе од 300 области останаа без електрична енергија, соопштија романските власти. Ширум земјата регистрирани се 35 сообраќајни несреќи, од кои десет во Букурешт. Едно лице загина во невремето. Аеродромите во Крајова и Темишвар вчера беа привремено затворени поради снегот на пистите.
XS
SM
MD
LG