Достапни линкови

logo-print

Молдавија ја отстрани бодликавата жица на границата со Романија


Молдавскиот премиер Влад Филат денеска нареди да се острани бодликавата жица на границата со Романија. Филат соопшти дека во 21 век е срамота на ваков начин да се одбележува границата со пријателски настроена земја и кога границите низ цела Европа се транспаренти и луѓето слободно поминуваат низ нив. Филат е член на новата коалиција, која е европски ориентирана. Коалицијата се залага за подобрување на односите со западните соседи, посебно со Романија.
XS
SM
MD
LG