Достапни линкови

logo-print

НАТО ќе повлече 4500 војници од Косово


НАТО во јануари ќе повлече 4500 војници од Косово, бидејќи во покраината се подобрило нивото на безбедност. Командатот на НАТО за Југоситочна Европа, Марк Фитцгералд соопшти дека во Косово ќе останат 1000 војници на алијансата. Косовската полиција заедно со 2500 припадници на полицијата на ЕУ и судски персонал ќе започне да ја презема одговорноста од НАТО, кој е во покраината од 1999 година. Косово минатата година прогласи независнот од Србија.

XS
SM
MD
LG