Достапни линкови

Во Авганистан убиени странски и авганистански војници


Во серија на напади во Авганистан беа убиени три странски трупи и неколку членови на авганистанските безбедносни сили. Во експлозија на бомба во западната провинција Херат животот го загубија шефот на полицијата и неговите три телохранители. Во напад на бомбаш самоубиец во вторникот во покраината Хелманд беа убиени две британски трупи, а во екплозијата загинале и два авганистански војници. Во вторникот беше убиен и еден војник од Естонија во бомба поставена покрај патот во јужен Авганистан. Насилството во Авганистан оваа година е најмногу зголемено откако американските сили го отстранија талибанскиот режим во 2001 година.
XS
SM
MD
LG